МИЛИЈАРДЕРОТ ВЉУБЕН КАКО ТИНЕЈЏЕР Безос во прегратките на фаталната Лорен (ФОТО)

1,575

Милијардерот Џеф Безос веста дека по 25 години се разведува од сопругата Мекензи ја соопшти на 4 април 2019 година. Причината за распадот на нивниот брак беше аферата на Безос со Лорен Санчез.

Како што и самиот призна, Џеф лудо се вљубил во Лорен и тоа не можел повеќе да го крие, па одлучил да побара развод од сопругата.






Кога информацијата за неговото неверство протече во јавноста, тој и Мекензи издадоа соопштение во кое јавноста ја известија дека се разведуваат, а само ден подоцна Лорен откри дека ставила точка на својот дотогашен брак со Патрик Вајтсел.

Безос својата слобода и можност да ужива во љубовта со Лорен скапо ги плати – разводот го чинеше 38,3 милијарди долари, но и 19,7 милиони акции од „Амазон“.

Не е ниту чудно што Безос се вљубил во оваа фатална девојка. Лорен неодамна го прославила својот 51 роденден, а на изгледот би ѝ позавиделе и многу помлади жени. Нејзиното лице делува негувано, а благодарение на редовните тренинзи има идеална линија на тело.

Судејќи според насмевката која секогаш ја има на своето лице, очигледно дека милијардерот и тоа како ужива во друштвото на новата девојка.

Инаку, Лорен е во одлични односи со поранешниот сопруг. Она што е интересно е тоа дека во ресторанот „Капријани“ отишле со нејзиниот поранешен сопруг, односно, Лорен и Безос ги однеле на ручек Тони Гонзалес и неговата нова сопруга.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини