Милијардерот пристигна со јахтата во Дубровник, со изгледот не оддава дека е еден од најбогатите луѓе ФОТО

8,957

Роман Абрамович е снимен во Дубровник. Мултимилијардерот со брод пристигнал во старото градско пристаниште па прошетал по Страдун во опуштено издание.

Во класична маслиново-зелена маичка, фармерки и патики, тешко било да се препознае дека станува збор за еден од најбогатите луѓе во светот.






Инаку, на средината на јули, неговата мегајахта „Eclipse“ е снимена во дубровничкиот акваториум. Јахтата, со која Абрамович веќе неколку години по ред ја посетува и Хрватска, е долга 163 метри, а е изградена во 2009 година во германското бродоградилиште „Blohm+Voss“.

Може да прими 30 гости, има 70 членови на екипажот, три хелиодроми, диско клуб, блиндирани стакла, два базена, велнес центар и противракетен штит. Изградбата на јахтата чинела 340 милиони евра.

За годишно одржување на таквиот луксуз, Абрамович издвојува по 30 милиони евра.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини