МИЛИЈАРДЕРИТЕ ОД ДУИ СЕ ОДНЕСУВААТ КАКО СТОПАНИ НА МАКЕДОНИЈА! На овие избори мора да ги запреме, вели Василевска од ВМРО-ДПМНЕ

Денеска етницитетот се злоупотребува за сметка на други криминални дејствија и криминалите си продолжуваат – рече пратеничката Иванка Василевска.

1,032

ДУИ ги изневери очекувањата на албанскиот електорат и за сметка на тоа имаме милијардери кои се врвот на картелот на ДУИ, нивниот криминал не може да се премолчува – рече Иванка Василевска, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата Вин Вин што се емитува на телевизија Телма.

Според пратеничката Василевска никој не може веќе да премолчи толку криминал како кај ДУИ, бидејќи истиот бил и е заштитен и од институциите на државата, тоа не може да трае.






– Сите кои се огрешиле и ја злоупотребиле политичката моќ треба да се посочат за да не го повторуваат тоа – рече Василевскa.

Таа посочи дека сега цел на власта се интересите лични, партиски и се нема осет за државотворност.

– Денеска етницитетот се злоупотребува за сметка на други криминални дејствија и криминалите си продолжуваат. Ние, на пример, не треба да бираме дали за некоја функција некој треба да е Македонец или Албанец, туку треба да се гледа дали тоа е личност која одговара на функцијата односно, дали знае или не да ја извршува истата, дали знае да одговори на обврските – изјави Василевска.

Таа посочи дека во Македонија има ситуација во која ДУИ е милијардерска партија и се однесува како стопан на државата.

– Таму речиси сè е во тешка пирамидална ситуација и сѐ се прави тие да излезат од криминалот во кој се заглавени – рече пратеничката Василевска

 

 

Поврзани содржини