Милијардерите најмногу ги сакаат овие градови за живеење

Сите 2.825 топ-богати луѓе денес поседуваат 9,4 трилиони долари, што е за 10,4 отсто повеќе во однос на претходната година.

442

Вкупниот број на милијардери во светот на крајот на 2019 година веќе изнесуваше 2.825 луѓе, што е за 8,5% повеќе од една година претходно, според годишното истражување за најбогатите на планетата направено од „Wealth-X“.

Сите 2.825 топ-богати луѓе денес поседуваат 9,4 трилиони долари, што е за 10,4 отсто повеќе во однос на претходната година.






Вкупно 88,1% од светските милијардери се мажи, а 11,9% жени. 50,3% од нив се на возраст од 50 до 70 години, а другите 39,9% се над 70 години.

Само 9,8% од најбогатите луѓе во светот се на возраст под 50 години.

Повеќето милијардери – 788, се од САД, што ја става земјата пред Кина, Русија и Велика Британија. Комбинираното богатство на американски милијардери достигна 28% од вкупното богатство на сите милијардери.

Затоа не е изненадувачки што вкупно три американски градови се наоѓаат во првите 10 најпопуларни места каде што живеат милијардери.

Кои се светските престолнини на богатите?

Лидер во рангирањето е Њујорк, кој е единствениот град во светот – дом на повеќе од 100 милијардери. Денес тие се веќе 113, или 8 повеќе од една година порано.

Следува Хонг Конг, каде нивниот број е 96, со големо зголемување во последните 12 месеци, бидејќи 9 нови лица се најдоа на ранг-листа на милијардерите или се преселиле во градот.

Третото место му припадна на Сан Франциско со 77 милијардери, или два повеќе од пред една година. Градот е присутен на рангирањето од 2016 година.

Растот главно се должи на брзорастечката технолошка индустрија и „стартап“ екосистемите. Првичните јавни понуди на технолошките компании ги претворија некои од нивните основачи во милионери, а други во милијардери.

Сепак, бумот во секторот има и негативни страни – зголемување на цените на недвижностите, што го прави домувањето во областа скоро недостапно. Ова, пак, доведува до зголемување на бројот на бездомници во различни области на градот.

Истото може да се каже и за третиот претставник на Соединетите држави во ранг-листата – Лос Анџелес, кој е на 8-то место со 44 милијардери.

Пред него се Москва (73), Лондон (66), Пекинг (57) и Сингапур (45). Првите 10 се надополнети со кинескиот Шенжен и најголемиот градски и финансиски центар во Индија – Мумбаи.

Помеѓу 11 и 15 место се наоѓаат Дубаи, Сао Паоло, Истанбул, Хангжу и Токио. Само во првите 15 во Дубаи има намалување на бројот на милијардери, бидејќи тие се за тројца помалку.

Денес, 32 милијардери живеат во Истанбул, според објавените податоци.

Градовите во првите 15 се дом на 810 милијардери, или 29% од сите во светот. Растот во однос на една година порано е 37 лица.

Поврзани содржини