🎥 МИЛИЈАРДЕРИ, ДАЈТЕ ГИ ПАРИТЕ, БИДЕТЕ ХУМАНИ! Били Ајлиш ги повика богатите да им ги донираат своите пари на оние на кои им се потребни
Американската поп-ѕвезда и добитничка на наградата Греми, Били Ајлиш, во својот говор по примањето на наградата на „Волстрит џурнал“, за музичка иновација, праша зошто мегабогатите дозволуваат нивното богатство да се акумулира и ги повика милијардерите да ги донираат своите пари на оние на кои им е потребна помош.
– Ве сакам сите, но има неколку луѓе овде кои имаат многу повеќе пари од мене. Ако сте милијардер, зошто сте милијардер? Без омраза, но дајте ги вашите пари – ѝ се обрати американската поп-ѕвезда и добитничка на Греми, Били Ајлиш, во својот говор по примањето на наградата на „Волстрит џурнал“, за музичка иновација.
Таа праша зошто мегабогатите дозволуваат нивното богатство да се акумулира и ги повика милијардерите да ги донираат своите пари на оние на кои им е потребна помош.
Таа, исто така, нагласи дека живееме во „време кога светот е навистина, навистина лош и мрачен“ и дека на луѓето им е потребна емпатија и помош повеќе од кога било.
– Би рекла дека ако имате пари, би било одлично ако можете да ги искористите за добри работи, можеби да им ги дадете на некои луѓе на кои им се потребни – рече пејачката.
Пред нејзиниот говор, водителот на манифестацијата, Стивен Колберт објави дека Ајлиш ќе донира 11,5 милиони долари од приходите од нејзината светска турнеја „Hit Me Hard and Soft“ на организации и проекти посветени на еднаквост во храната, климатска правда, намалување на загадувањето со јаглерод и борба против климатската криза.
Настанот се одржа во Музејот на модерна уметност во Њујорк, а меѓу овогодинешните добитници на награди беа американската инфлуенсерка Хејли Бибер, режисерот Спајк Ли, актерот Бен Стилер и други.
Во публиката беа и милијардерите Марк Закерберг и Џорџ Лукас, објави Форбс.
View this post on Instagram
 
			