Милијардер донираше 28 проценти од своето богатство за борба против ковид-19
Средствата ќе бидат дел од неговата сопственост во друга компанија со која тој раководи – „Square“.
Ко-основачот и извршен директор на „Twitter“, Џек Дорси, објави дека донира една милијарда американски долари кои ќе се искористат во борба против новиот коронавирус, пренесува „Ројтерс“.
Средствата ќе бидат дел од неговата сопственост во друга компанија со која тој раководи – „Square“.
Со серија твитови, Дорси објасни дека сумата претставува 28% од целото негово богатство и ќе биде донирана на неговата добротворна организација „Start Small LLC“.
Дорси, кој не ги објавува своите добротворни иницијативи во последниве години, рече дека од сега сите донации ќе бидат видливи за јавноста.
Богатството на Дорси, според последните податоци на магазинот „Forbes“, се проценува на 3.3 милијарди долари.
Тој објасни дека донира дел од „Square“, а не од „Twitter“, бидејќи има поголем удел во компанијата за дигитални плаќања.
Соединетите држави се најпогодената земја во светот од ковид-19. Вкупниот број заразени до денес надминува 400.000 луѓе.