МИЛЕВСКИ ЗА СОВЕТНИЦИТЕ ШТО НЕ ГО ПОЧИТУВААТ УСТАВОТ Паушалот што ќе го добијат од Северна Македонија нека го вратат
Министерот за локална самоуправа, Горан Милески, бара новите советници во општините да го почитуваат Уставот како највисок правен акт и во свечените изјави односно заклетвите да стои уставното име Република Северна Македонија.
Тој признава дека во Законот за локална самоуправа сè уште стои името „Република Македонија“, а измените во кои ќе биде наведено новото уставно име сè уште не биле доставени до Собранието затоа што за нивно усвојување било неопходно двотретинско мнозинство.
– Јас можам да ги охрабрам и понатаму ако сакаат нека си работат вака, меѓутоа паушалот што ќе го добијат од Северна Македонија нека го враќаат – вели Милевски за ТВ Телма.