МИЛЕВСКИ ПРЕД ДУЕЛОТ СО ГЕРМАНИЈА За многу нешта ќе се прашува и Македонија

Натпреварот ќе се одигра утревечер со почеток во 20.45 часот на Национална арена „Тодор Проески“.

709

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги кажа своите очекувања за утрешниот дуел со Германија. Него му е јасно дека Германците се големи фаворити, но најави борба и по можност ново изненадување, како она во Дуисбург кога Македонците победија со 2:1.

– Мора да бидеме на врвно ниво на тактички план. Го респектираме противникот кој е составен од врвни играчи, но за многу нешта ќе се прашува и Македонија. И ние имаме многу работи на кои треба да бидеме горди.Ние не би биле спортисти ако не се надеваме на успех и на позитивен резултат, без разлика на противникот. Веруваме во своите квалитети и потенцијал дека можеме да бидеме конкурентни и со најдобрите селекции во Европа – рече Милевски.






Според него, начинот на кој игра Германија сега во споредба со средбата во Дуисбург е различен.

– Секоја репрезентација има некои слаби страни. Ќе се обидеме да ги искористиме. Како ќе одиграат они утре, тоа можеме да го претпоставиме, но не е гаранција дека ќе биде така. Ние треба да го дадеме максимумот и да уживаме. По Германија ни следат уште два натпревари и нашата цел е останеме конкурентни до самиот крај на квалификациите – рече Милевски на денешната прес-конференција.

Натпреварот ќе се одигра утревечер со почеток во 20.45 часот на Национална арена „Тодор Проески“.

Поврзани содржини