МИЛЕВСКИ НЕ ДОБИВА НОВ ДОГОВОР ПО ПОРАЗОТ ВО КАРДИФ? Македонија со нов селектор за мартовскиот бараж

Милевски сепак ќе присуствува на утрешната ждрепка во Цирих, обврска што била договорена претходно.

468

Благоја Милевски повеќе нема да ја води националната селекција на баражот за Светското првенство 2026, објави порталот Gol.mk. Според информациите, неговиот договор со Фудбалската федерација на Македонија завршил по последниот меч во квалификациите.

По катастрофалниот пораз од 7-1 во Кардиф претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, видно разочаран, го напуштил стадионот во Велс.






​По тешката ноќ во Кардиф и поразот од 7-1, селекторот Благоја Милевски застана пред новинарите, не бегајќи од одговорноста. Во ситуација кога неговиот договор со ФФМ истекува на крајот од месецов, неговите зборови беа мешавина од разочарување за резултатот и искрена емоција за националниот дрес.

​- Одговорноста е моја. Секогаш било така и ќе биде. Јас стојам зад тимот, но начинот на кој загубивме ме боли повеќе од самиот резултат. Не одговоривме адекватно на тркот и квалитетот на противникот. Кога не можете да бидете на тоа ниво, епилогот е неминовен – изјави селекторот.

Милевски сепак ќе присуствува на утрешната ждрепка во Цирих, обврска што била договорена претходно.

Негативниот исход е продолжение на серијата натпревари во кои репрезентацијата покажува пад во форма. Пред Велс сериозен аларм беа и дуелите со Летонија и со Казахстан во Скопје.

Милевски ја презеде селекцијата во 2021 година, кога го наследи Игор Ангеловски, а неговиот мандат се одбележа со големи успеси, но и со непостојана форма.

 

Поврзани содржини