Милева Андриќ и Алберт Ајнштајн – кој е бисерот, а кој е школката?
Имајќи го предвид нејзиниот придонес, научниците, но и целата историја, не се сеќаваат доволно на Милева Мариќ, вели канадскиот физичар Полин Гањон.
Физичарката Милева Андриќ Ајнштајн, чие име е недоволно познато во светот на физиката, патријархално воспитана жена, брилијантна студентка и математичарка, која останала во сенката на нејзиниот славен сопруг, Алберт Ајнштајн, до крајот на нејзиниот живот.
– Имајќи го предвид нејзиниот придонес, научниците, но и целата историја, не се сеќаваат доволно на Милева Мариќ – вели канадскиот физичар Полин Гањон за Би-Би-Си на српски јазик, додавајќи дека таа е доста непозната и во научната заедница, а тоа според него е срамота.
И денес се водат дебати за придонесот на Милева во научните достигнувања на нејзиниот сопруг.
Во 2018 година, Светскиот сервис на Би-Би-Си ја вклучи Милева меѓу 100 жени во светот кои биле далеку позаслужни од она што им било препишано на нивните сопрузи, татковци или машки роднини.
Научникот Полин Гањон од Европската организација за нуклеарни истражувања во Швајцарија, долго време го проучувала животот на Милева Мариќ. Оваа Канаѓанка вели дека била заинтересирана за приказната на Милева, уште од пред 20 години, во првиот миг кога чула за нејзе.
Иако немало доволно информации, таа се потрудила и пред околу 10 години се запознала со младата физичарка од Србија, Јудита Мамушиќ, која во тоа време работела во Европската организација за нуклеарни истражувања.
– Ја прашав Јурдита дали како жена од Србија, некогаш слушнала за Милева Мариќ, а таа ми одговори: „Се разбира, таа е национален херој во Србија“. Бев во шок, како може да се биде национален херој во Србија, а да е потполно непозната во остатокот од светот – раскажува Гањон.
Благодарение на, како што таа вели, одличната биографија, напишана од историчарката Радмила Милентијевиќ, Гањон се посветила на проучување и откривање на приказната на Милева.
Таа има одржано повеќе од 20 предавања за Милева Мариќ низ Европа, Јужна Африка, Канада и Соединетите Држави.