Миленикот на жените стана ќелав и дебел, секоја чест за оној кој ќе го препознае во ова издание! ФОТО

3,930

Актерот и фронтмен на популарниот бенд „30 секунди до Марс“, Џаред Лето (49) е познат по својата долга коса и брада, а неговиот заштитен знак исчезнал поради неговата трансформација за улогата.

Миленикот на жените, на кого ова му е најголемата промена од ликот на Џокер, ретко кој би го препознал во изданието во кое бил виден во Милано на снимањето на филмот „Куќата на Гучи“. Во пурпурно кадифено одело во комбинација со мокасини и речиси ќелав со седа коса и подебело лице, тој совршено го отелотворува Паоло Гучи во неговите 60-ти години.






Паоло беше потпретседател и извршен директор на „Гучи“ една година пред неговиот чичко Родолфо Гучи да го отстрани од семејниот бизнис во 1978 година, затоа што тој насилно сакаше да изврши модернизација. Почина во 1995 година од хроничен хепатитис на 64-годишна возраст.

Драстичните трансформации на Џаред не се ништо ново. Тој ја отелотвори трансродната жена Рајон во „Добрите дилери во Далас“ (за таа улога доби и Оскар), и го привлече вниманието на јавноста како Џокер во „Одреди за самоубиства“ во 2016. Тој ја репризираше таа улога во „Justice League: The Snyder Cut“, кој за неколку дена треба да се појави во киносалите.

Самиот Лето се пофали дека престојува во Италија и сподели фотографии од сетот и од хотелот во Рим.

„Здраво од Рим. Благодарен и возбуден поради враќањето на сет оваа недела. Се надевам дека сите сте безбедни и здрави“, напишал актерот.

Инаку, пејачката Леди Гага (34) и актерот Адам Драјвер (37) исто така глумат во биографскиот криминален филм „Куќа на Гучи“. Во филмот, Гага ќе ја отелотвори Патриција Реџани, поранешната сопруга на внукот на легендарниот дизајнер и италијански бизнисмен „Гучи“, Маурицио, кој го игра Адам.

Филмот ќе ја раскаже приказната за убиството на Маурицио Гучи. Тој беше пронајден мртов во 1991 година на скалите на зградата во Милано каде се наоѓаше неговата канцеларија. Патриција Реџани беше осудена и затворена во 1995 година за убиство на нејзиниот поранешен сопруг и помина 18 години во затвор. Беше ослободена во 2016 година. Филмот го режира славниот Ридли Скот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JARED LETO (@jaredleto)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JARED LETO (@jaredleto)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини