Милена Стевановиќ доби признание за менаџерка во криза, кои се менаџерки за 2019 година?

Синоќе беа доделени признанијата на најуспешни жени менаџерки во 2019 година.

669

Најуспешните жени менаџерки за 2019 година ги добија своите признанија. Ова беше 24-ти избор на најуспешни жени менаџерки во годината кое го организира агенцијата „Марили“.

Признанијата добија:  Мерита Рамадани Алими, директор за бизнис и развој во DOGAN Air Conditioning Solutions – Скопје,  Маја Бабиќ, извршен и оперативен менаџер во „Баги Комуникации“ – Скопје, Татјана Дејаноска, директор на продажба во „Циклама инжинеринг“ – Гостивар, д-р Даниела Димитрова, сопственик на Центар за дентална и естетска медицина „Перла“ – Скопје, Наталија Дренковска, менаџер за административни работи и набавки во ТАВ Македонија, Олга Јосевска, оперативен менаџер во „Comodita Home“ – Македонија, Даниела Китанова, менаџер во Електродистрибуција  ДООЕЛ Скопје , EVN Group, Магдица Костадинова, извршен менаџер на „Еуро Консалт Плус“ – Скопје и „ЕКП Травел“– Скопје, Марија Кукуновска, генерален менаџер на „БИСПАГ Противпожарна Техника“ – Скопје и  Жанета Џафер, генерален менаџер на „Жанета Естетик“ – студио за убавина .






На настанот  „Жена менаџер“ беше доделено и специјално признание на директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ за успешно менаџирање во услови на вонредна состојба наметната од пандемијата со ковид-19.

Поврзани содржини