Убавата водителка Милена Антовска Станковска е бремена, таа по вторпат ќе стане мајка.
– Да вистина е, на половина бременост сум. Уште малку и ќе бидам во петтиот месец. Очекувам бебето да нѐ израдува во јануари. Веќе се знае дека е женско, наша втора ќерка и Лана Марија ќе си добие сестричка. Уште едно девојче, навистина многу сум среќна. Можеби длабоко во себе посакував да имаме и син, но не ми е жал. Нели ќерките повеќе ги чуваат родителите. Па ако е така јас и Гордан со две ќерки значи ептен ќе бидеме чувани – рекла Милена за ММС.