Миле Јанакиески во самоизолација, имал контакт со заболен од ковид-19
Оваа вест денеска беше посочена од судијата Осман Шабани на рочиште за случајот „Топлик“.
Екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е во самоизолација поради контакт со заболен од ковид-19.
Оваа вест денеска беше посочена од судијата Осман Шабани на рочиште за случајот „Топлик“.
Имено, адвокатот на Јанакиески на судијата му приложил документ издаден од Државниот санитарен и здравствен инспекторат според кој му се одредува самоизолација на Јанакиески во траење од 14 дена.
Поради тоа денешното рочиште беше одложено, а следното е закажано за 18 ноември.