МИЛЧО МАНЧЕВСКИ ЌЕ ГО ЗАТВОРИ ЗА СООБРАЌАЈ ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Ќе се снима „Збогум Копакабано“ ноќта кон петок

Од МВР соопштија дека на 31.07 и на 01.08.2025 година во периодот од 20 до 4 часот, поради снимање на филм затворен ќе биде во двете насоки на движење булеварот 11 Октомври на потегот од крстосница со улицата Даме Груев до крстосницата со булеварот Кочо Рацин во Скопје.

427

Сообраќајот на булеварот 11 Октомври во Скопје ќе биде затворен во двете насоки од 22 часот на 31 јули, четврток, до 4 часот на 1 август, соопшти продукцијата.

Затворањето на сообраќајот е поради снимањето на филмот „Збогум Копакабано“ во режија на Милчо Манчевски, во продукција на „Банана филм“.






„Во соработка со МВР и ЈП Улици и патишта, известуваме за времен режим на сообраќајот на булеварот 11 Октомври во Скопје, поточно од раскрсницата кај Црвен крст до раскрсницата кај Градска болница. Времениот режим е предвиден за ден 31.07.2025 (четврток) во времетраење од 22 часот до 4 часот во раните утрински часови“, соопшти продукцијата.

Од МВР соопштија дека на 31.07 и на 01.08.2025 година во периодот од 20 до 4 часот, поради снимање на филм затворен ќе биде во двете насоки на движење булеварот 11 Октомври на потегот од крстосница со улицата Даме Груев до крстосницата со булеварот Кочо Рацин во Скопје.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива снимањето.

 

Поврзани содржини