Милчин за ВМРО-ДПМНЕ: Потрошен кадар и без кредибилитет се тие што бараат оставка од Мицкоски ВИДЕО

3,605

Режисерот Владимир Милчин, вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, изјави дека поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се јавуваат со барања за оставка на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, немаат право на тоа, бидејќи тие се директно виновни и немаат кредибилитет, односно, како што рече тој, тие се потрошен кадар.

– Не сум сигурен навистина дека некој од денешното ВМРО-ДПМНЕ, од овие кои што се јавуваат сега што се гласни, има право на тоа, со оглед на тоа што сите практично што ги слушаме и се гласни, се виновни. Мислам дека немаат кредибилитет и дека таму исто така имаат една ситуација на потрошен кадар, особено оние кои што беа во врвовите додека беше Груевски – вели Милчин.






Поврзани содржини