Милчин: Граѓаните имаат апсолутно право да не го употребуваат новото име на државата

Американците кога говорат не викаат Соединети Американски Држави, викаат Америка или САД. Кај нас тоа СРМ е многу гротесно бидејќи може да значи Социјалистичка Република Македонија, истакна Милчин.

8,087

Јас не сум дел од власта и мислам дека имам апсолутно право да не го употребувам тоа ново име на државата, истакна режисерот Владимир Милчин во денешното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

– И во Југославија кога живеев не викав Социјалистичка Федеративна Република Југославија, туку викав Југославија. Ниту пак сум викал Социјалистичка Република Македонија, туку само Македонија. Американците кога говорат не викаат Соединети Американски Држави, викаат Америка или САД. Кај нас тоа РСМ е многу гротесно, бидејќи може да значи Социјалистичка Република Македонија – рече Милчин.






Милчин додаде дека граѓаните немаат никаква обврска при говорење да го изговараат новото име на државата.

– Новото име е вештачко и тешко фаќа корени – нагласи Милчин.

Милчин посочи дека како со новото име, така и компромисите со Бугарија се тешки за да се изџвакаат, и граѓаните нема да ги прифатат.

– Нема да поминат и компромисите со Бугарија, нема да може власта да ги спроведе. И најтрпеливите народи имаат праг, власта треба да знае – заклучи тој.

Милчин се осврна и на претстојните локални избори.

– Локалните избори ќе покажат многу. Јас мислам дека СДСМ тешко ќе ги добие изборите локални, мислам дека толку проблеми, толку пропусти има, што тешко ќе добијат – изјави Милчин.

Тој додаде дека СДСМ тешко ќе издвојува победа на локалните избори во некоја општина, посебно во Скопје многу ќе изгубат.

– Ова што се случува со Скопје, што сè се прави во Скопје, како се уништува градот практично, како се распродава земјиштето, во овој град ќе биде невозможно да се живее. Според тоа јас мислам дека скопјани ќе го казнат СДСМ – потенцира Милчин.

Поврзани содржини