Актерката Мила Кунис гостувала во ток-шоуто на омразената водителка Елен Деџенерис и открила кој дел од телото на нејзиниот сопруг, актерот Ештон Качер, ѝ е омилен.
„Неговиот грб“, рекла таа без двоумење.
„Тој има многу секси грб“, додала Мила.
Откако Деџенерис истакнала дека Качер има и секси граден кош, Кунис објаснила зошто не се осмелила тоа да го признае.
„Да кажев дека ми се допаѓа некој преден дел , знам дека ќе го претворевте во нешто едноставно“, се пошегува таа.
Неодамна, Качер раскажа анегдота од нивниот живот, кога се разбудил среде ноќ и ја видел сопругата како гледа нешто за кое мислел дека е порно. Но, се покажало дека Кунис ја гледала серијата Бриџертон, која е позната по мноштвото секси сцени.
: