Мила Кунис и Ештон Качер шокираа: Децата ги капеме само ако забележиме дека се валкани

1,283

Се чини дека брачната двојка Мила Кунис и Ештон Качер штедат на сапун, пишува Си-ен-ен.

Актерите Ештон Качер и Мила Кунис гостувале во еден подкаст и разговорот се свртел на темата капење.






Откако еден од водителите ѝ рекол на колешката дека секојдневната употреба на сапун ги отстранува природните масла од телото, Кучер и Кунис се согласиле, велејќи дека секој ден ги мијат само „основните места“.

Водителката се збунила од излагањето на Качер и Кунис, па ги прашала кој ги научил да не се мијат.

– Ние дома немавме топла вода додека растев, па затоа и не се туширав често – рекал Мила Кунис.

Таа пракса продолжила и со нивните две деца – Вајат (6) и Димитри (4), пишува Си-ен-ен.

– Јас не бев од оние родители кои го капат своето новороденче, никогаш – рекла актерката Кунис.

Сега кога се постари, Качер вели дека имаат систем на капење, според кој се водат. Качер и Кунис рекле дека децата ги капат само кога изгледаат валкани, а не секој ден како што е пракса кај многу родители. Тие рекле дека речиси и да не користат сапун затоа што не сакаат да им се исуши кожата.

– Еве за што се работи. Ако можете да ја видите нечистотијата на нив, исчистете ги, инаку нема смисла – рекол тој.

Качер додал дека „пазувите и препоните ги мие секој ден и ништо друго“ и додал дека „има навика да испрска малку вода по лицето после вежбање, за да ги измие солите“.

Мила Кунис рекла дека го мие лицето два пати дневно.

 

Поврзани содржини