📷 МИЛА КУНИС И ЕШТОН КАЧЕР ПРВПАТ ГИ ПОКАЖАА СВОИТЕ ДЕЦА Парот призна дека ги капе само кога се валкани и кога мирисаат

Холивудскиот пар одлучил да се врати во орбитата, со оглед на тоа дека страстите стивнаа, па така пред два дена биле „уловени“ за време на кошаркарскиот натпревар во Крипто Арената во Лос Анџелес.

481

Актерско-брачната двојка Ештон Качер и Мила Кунис во саботата вечер уживале во семејното излегување со своите деца, откако неколку месеци не се појавуваа во јавноста поради скандалот кој следеше откако го поддржаа својот колега и пријател Дени Мастерсон во текот на неговото судење за силување, за кое на крајот и беше осуден.

Холивудскиот пар одлучил да се врати во орбитата, со оглед на тоа дека страстите стивнаа, па така пред два дена биле „уловени“ за време на кошаркарскиот натпревар во Крипто Арената во Лос Анџелес.






Актерскиот пар следел женска кошарка од првиот ред со својата 10-годишна ќерка Вајат и осумгодишниот син Димитри.

Инаку, ова е првпат Ештон и Мила да ги однесат своите деца на настан кој е медиумски испратен, а фотографите добиле можност да ги фотографираат нивните лица одблизу.

И Вајат и Димитри се навистина многу слатки и убави деца. Интересно е што Димитри е русокос, што го наследил од својот татко кој исто така како дете имал руса коса.

Актерите ги повеле децата на натпреварот бидејќи нивната 10-годишна ќерка е голема обожавателка на Кејтлин Кларк, која е дел од клубот Индијана Февер, а девојчето дури и се расплакало од среќа откако се фотографирало со оваа кошаркарка.

Да потсетиме, парот во неколку наврати предизвикале низа контроверзии откако признале дека ниту тие ниту пак нивните деца се тушираат секојдневно, односно не користат сапун или купка на дневна база.

Ештон во поткастот „Armchair Expert“ признал дека користи сапун само за пазувите и препоните. Мила Кунис додала дека таа со сапун ги третира и стапалата и градите. Остатокот од телото го мијат со вода, а на децата го користат истиот метод на капење, за да не ја „исушат нивната нежна кожа“.

„Во детството немав топла вода, па и онака не се туширав многу“, признала познатата 37-годишна актерка која родена и израсната во Украина. „Но, дури и сега, кога имам деца, исто така не ги капам секој ден. Никогаш не сум била родител кој ги капе новороденчињата секојдневно. Кога ќе почувствуваме миризба од нашите деца, тогаш ги капеме“, додала таа.

„Еве во што е работата – доколку видите нечистотија на нив, капете ги. Во спротивно – нема поента“, го појаснил актерот нивниот метод.

 

Поврзани содржини