Смртноста кај нас е ниска и се движи под 4 проценти, соопшти денеска епидемиологот д-р Владимир Микиќ на прес конференција во Владата.
– Мораме да ги направиме овие мерки за да ги задржиме овие показатели – додаде тој.
Преземените нови мерки од денеска, како што рече д-р Микиќ, се со цел да ги заштитиме оние кај кои ова заболување може да предизвика смртни последици.
– Знам дека рестриктивните мерки ќе се примат со доза на недоверба кај граѓаните, но се неопходни. Во овој момент нема друг начин да го спречиме ширењето на епидемијата. Ако не се преземат вакви мерки ќе нѐ очекуваат значително повеќе бројки кои ќе го оптоварат нашиот систем – нагласи д-р Микиќ.