Мики Рурк остро го нападна Де Ниро: Се колнам дека ќе те посрамотам!

878

Холивудскиот актер Мики Рурк остро му се закани на својот колега Роберт де Ниро, а сè наводно се случило затоа што не добил улога во филмот заради него.

Холивудскиот актер Мики Рурк (67) вербално го нападнал својот колега и легендарен актер Роберт де Ниро (76) и притоа не внимавал на зборовите.






Имено, причината за овој конфликт е, наводно, тоа што Рурк открил дека не добил улога во минатогодишниот филм на Скорсезе „Ирецот“ токму заради лобирањето на Роберт де Ниро.

Де Ниро, наводно, одбил да го снима филмот ако Рурк ја добие улогата, а кога Мики дознал, тој се огласил со закани.

– Слушај, „господине опасен“ во филмовите, ти си првиот човек што некогаш ме нарекол лажго, и тоа беше во весниците. Се колнам во моето семејство и кучињата дека ќе те посрамотам следниот пат кога ќе те сретнам – напишал Рурк.
Тој ги шокираше своите бројни придружници со заканите, а веќе е познато дека двајцата актери не се во добри односи.

Последниот пат кога соработувале било во 1987 година на филмот „Ангелско срце“, кога и започнале несогласувањата помеѓу нив. Рурк додал уште една навреда и напишал:

„Ти си плачко“, напишал тој, мислејќи на Де Ниро.
Де Ниро сè уште не се огласил, а некои обожаватели во коментарите напишале дека Мики се однесува детинесто и дека ваквите работи не треба да се решаваат јавнос.

 

 

Поврзани содржини