Микиќ: Носењето маски мора да биде разумно

Носењето маски мора да биде разумно. Ние во Европа генерално немаме навика да користиме маски - рече Микиќ.

3,462

Употребата на заштитните маски има своја индиција и ние не можеме да се споредуваме со азиските земји каде што носењето маска на лицето е дел од културата, па ние самите ги гледаме туристите како често носат маски и кога сè уште немаше прогласено пандемија во светот, рече доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

– Носењето маска мора да биде според препораките. Носењето маски на отворен простор каде што околу вас нема многу луѓе не е потребно, меѓутоа потребно е доколку влегуваме во супермаркет или во простории каде што има многу луѓе. Исто така, маска треба да се носи секогаш кога одиме на преглед кај својот матичен лекар, бидејќи таму можеме да затекнеме и други пациенти кои во моментот не чувствуваат симптоми на коронавирус, а сепак да бидат заразени. Носењето маски мора да биде разумно. Ние во Европа генерално немаме навика да користиме маски – рече Микиќ.

Поврзани содржини