Mик Џегер ѝ подари на својата 44 години помлада девојка куќа од 2 милиони долари

1,151

Славниот пејач Мик Џегер (77) решил да ја израдува својата девојка Мелани Хамрик (33) , со која го има синот Деви (4) со тоа што и купил куќа во вредност од 2 милиони долари, пренесува списанието „Пипл“.

Овој имот се наоѓа помеѓу Сарасота и Брадентон, Флорида. Областа е тивка и приватна и далеку од метежот.






Агенцијата за недвижнини што посредувала при купувањето наведува дека Џегер ја купил вилата на крајот на октомври за 1,9 милиони долари на име својата 44 години помлада девојка Хамрик .

Агенцијата тврди дека парот никогаш не ја посетил вилата пред купувањето. Хамик и Џегер, се одлучиле за овој имот по виртуелна тура а никогаш, физички, не ја посетиле локацијата.

Куќата во медитерански стил, изградена во 2008 година, има неколку надворешни простории за живеење, две отворено огниште и базен во слободна форма. Внатрешноста е „класично формална“, со четири спални соби.

Мик Џегер и Мелани Хамрик се запознале во 2014 година.

Поврзани содржини