Михо Главиќ по 35 години на Шапка во друштво на домаќинот Дејан Пановски  

Михо Главиќ, по 35 години е во посета на Шапка, каде одржа работна средба со Пановски кому му посака многу успех на новата функција.

747

Новиот претседател на Скијачката федерација на Македонија Дејан Пановски на првиот ден на функцијата го пречека Михо Главиќ, претседател на Скијачката федерација на Хрватска, во еден од најпопуларните скијачки центри во земјава, Попова Шапка, каде што во моментов се одржува Државното првенство за деца.

Михо Главиќ, по 35 години е во посета на Шапка, каде одржа работна средба со Пановски кому му посака многу успех на новата функција.






На работната средба се разговарало за продлабочување и унапредување на соработката меѓу двете федерации, за моменталната спортска ситуација во земјата, големите планови, но и за заеднички проекти и поддршка што ќе ја подобрат моменталната состојба во зимскиот спорт во нашата земја. Меѓу другото, Главиќ вети дека ќе продолжи да ги следи сите активности на Скијачката федерација на Македонија и ќе помогне во сите сегменти во рамки на неговите можности.

Главиќ пристигна во Македонија од Банско, Бугарија, каде што викендов се одржа Светското првенство во скијање. Претседателот го поддржа најдобриот хрватски скијач, Филип Зубчиќ, кој заврши како победник на првата од двете велеслаломски трки.

Поврзани содржини