Михаела Јаневска од Скопје: Го победив коронавирусот, а сега ќе им пеам на докторите! ВИДЕО
Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои сè се уште во болница. Ова е за вас, порача Јаневска.
Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот, напиша скопјанката Михаела Јаневска на својот Фејсбук профил.
„Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејки своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои сè се уште во болница. Ова е за вас“, напиша Јаневска.