Михајловиќ ја победи леукемијата и веднаш облече копачки ФОТО

Како што пренесуваат италијанските медиуми, тој без престан трчал околу еден час.

1,149

Поранешниот српски фудбалер, а сега фудбалски тренер, Синиша Михајловиќ, успешно се опоравува од тешката болест.






Популарниот Миха деновиве е фотографиран во тренинг-центарот на Болоња, каде што работи како шеф на стручниот штаб. Овојпат Србинот не ги тренирал своите фудбалери, туку самиот тој се тренирал себеси после долго време минато во болница.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, тој без престан трчал околу еден час.

За потсетување, Михајловиќ со месеци се бореше со акутна леукемија. Лекувањето го започна го јули минатата година, примаше и хемотерапија, а извршена му е и трансплатација на коскена срж од непознат донатор.

Поврзани содржини