Мигранти од Пакистан држеле во заложништво поголема група мигранти во селото Ваксинце, јавува ТВ Алсат.
Телевизијата објавува дека СВР Куманово постапило по добиената информација дека во еден објект во селото Ваксинце, Општина Липково две непознати лица држат група на мигранти како заложници. По преземени мерки и активности во објектот биле најдени 21 мигрант, од кои двајца се лишени од слобода бидејќи според првичните информации тие ги држеле како заложници останатите 19 лица.