Мигрантите во Белгија штрајкуваат со глад, a некои и ja шијат устата ФОТО
Мигрантите го започнаа штрајкот во мај годинава за да укажат на нивниот проблем со добивање документи за право на престој. Иако некои од нив веќе една деценија живеат и работат во Белгија, тие уште немаат право на престој.
Стотици мигранти во Белгија штрајкуваат со глад повеќе од еден месец, а оваа недела некои од нив почнаа да ја шијат устата, затоа што не можат да добијат престој во земјата. Некои од луѓето внесуваат само течности, а останатите не можат ни да станат од што се слаби, пренесува СкајЊуз.
Belgium: Hundreds of migrants go on hunger strike – with some stitching their mouths shut https://t.co/Z9x7NIxooQ
— Jayanta Chatterjee (@Jayanta13998620) June 30, 2021
– Мигрантите велат дека 150.000 од нив живеат нелегално во Белгија. Ако ги решиме документите за оние кои штрајкуваат со глад, што ќе добиеме? Каков ќе биде резултатот? Една недела подоцна имате уште 200, потоа 2000, 20 000 луѓе кои би го сториле истото. На тој начинот не може да сереши проблемот – рече државниот секретар за миграција на Белгија, Семи Махди, кој сепак признава дека треба да се подобри системот за аплицирање за документи.
Мигрантите го започнаа штрајкот во мај годинава за да укажат на нивниот проблем со добивање документи за право на престој. Иако некои од нив веќе една деценија живеат и работат во Белгија, тие уште немаат право на престој. Тие запоседнаа два универзитети и една црква.
Моментално на протестите учествуваат меѓу 200 и 400 мигранти.