МИГРАНТИТЕ СЕ НОВОТО ИСКУШЕНИЕ Папата вели дека правиме грев ако ги одбиваме

Папата рече дека Средоземното Море е најголема гробница во светот, мислејќи на илјадниците мигранти кои се удавија обидувајќи се да стигнат до Европа.

53

Папата Франциско денеска нагласи дека одбивањето на мигрантите е скандалозно, одвратно и грешно.

– Отфрлањето на мигрантите е скандалозно. Навистина, тоа е злосторство и поради тоа тие умираат пред нашите очи – рече папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Ватикан.






Папата рече дека Средоземното Море е најголема гробница во светот, мислејќи на илјадниците мигранти кои се удавија обидувајќи се да стигнат до Европа.

– Отфрлањето на мигрантите е одвратно, тоа е грев. Злосторство е да не се отвори вратата за оние на кои им е потребна помош – рече тој.

Тој наведе дека некои мигранти, кои биле вратени од границата, „биле експлоатирани и третирани како робови.

Поврзани содржини