МИГРАНТИ НАСТРАДАА ВО ПОЖАРОТ КАЈ ЕВРОС Најдени се 18 изгорени тела

265

Најдени се 18 јагленосани тела на грчкиот остров Еврос. Пожарникарите кои ги открија телата во близина на селото Дадиа, североисточно од Александрополис, велат дека тие се на илегални мигранти кои неодамна ја преминале границата со Турција. Портпаролот на противпожарната служба Јанис Артопио го тврди истото.

– Нема пријави за исчезнати и затоа се смета дека се мигранти.  Не е позната националноста на жртвите. Областа Дадиа, која се наоѓа во национален парк, е позната како омилена рута на илегалните имигранти – рече тој.






Регионот Еврос гори веќе четири дена. Главната болница во Александрополис е евакуирана рано изутринава, откако шумските пожари го зафатија крајбрежниот град во близина на границата со Турција.

 

Грција ова лето се бори со големи шумски пожари.

Поврзани содржини