Тело на убиен мигрант е пронајдено вечерва во Сараево, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Засега не е познато кој смртно го избодел мигрантот, а неофицијално, мажот починал половина час откако бил прободен со нож, објави агенцијата Срна.
Телото на мигрантот било пронајдено во близина на кружен тек во општина Илиџа, а брза помош пристигнала на местото и се обидела да го реанимира човекот. Лекарот ја констатирал смртта во 19.50 часот.