Во светот е прогласена пандемија на коронавирусот. Секојдневно се апелира до луѓето да се придржуваат на задолжителните мерки за претпазливост.
Во последно време многу се зборува за миењето на рацете. Меѓутоа, лицето е најизложено на надворешни агенси, па и на неговата хигиена треба задолжително да обрнете внимание.
Старото правило вели дека, доолку сакаме да имаме чисто лице и здрава кожа, неопходно е лицето да се мие два пати дневно. Правило на кое не се придржуваат сите, а стручњаците велат дека и не би требало. Па така постојат и две крајности – оние кои претеруваат, но и оние за кои сапунот и водата се непознаница. Првите се мијат по 5-6 пати дневно, за да бидат сигурни дека ги отстраниле сите потенцијални вируси од кожата, додека другите цврсто веруваат дека со бојкот на средствата за нега и чистење го јакнат имунитетот.
Што се случува кога воопшто не го миете лицето?
Ао воопшто не го чистите лицето, постои голема веројатност дека ќе ви се појават акни, особено ако сте физички и ако се потите. Дури и кога тоа не е случај, вашето лице и кожа постојано е во контакт со нечистотија која ги затнуваат порите и тие минијатурни честички треба редовно да се отстрануваат.
Сега, кога владее опасност од зараза, ако сте биле надвор, кога ќе ги измиете рацете, измијте го и лицето. За миење на лицето користете благи средства, бидејќи секако го отстранувате површинскиот слој на кожата и дел од природните маснотии кои кожата ги произведува за да се заштити. По миењето на лицето заштитете го со хидратантен крем, со оглед на тоа дека честото миење го суши лицето, поради што настануваат и брчки.
Колку често треба да го миете лицето?
Имајќи предвид дека коронавирусот се пренесува од личност на личност, како и кога имате контакт со контаминирани површини, па потоа ги допирате устата, носот и очите, дерматолозите секако советуваат да не го избегнувате миењето на лицето. Ако го замислите најлошото сценарио, на пример дека некој заразен кивнал во вашата близина и капките кои содржат вирус завршиле на вашето лице, секако не сакате да ризикувате.
Моменталната ситуација наложува миењето на лицето никако да не го пресконувате. Замислете го сценариото некој заразен да кивне во ваша близина и ситните капки да завршат на вашето лице – миењето на лицето е составен дел од одржувањето на хигиената.
Луѓето кои имаат помрсна кожа и проблеми со акни треба да го мијат лицето и во нормални услови, кога нема пандемија, три пати дневно. Оние кои имаат сува кожа, два пати дневно.
А, колку често треба да го миете лицето, зависи од вашиот тип на кожата. Оние кои веќе имаат акни и проблематична кожа, би требало да го мијат почесто, барем три пати дневно. Препорака за оние со сува и комбинирана кожа е да го мијат лицето наутро и навечер. И едните и другите секако би требало да го мијат лицето секој пат кога ќе излезат од дома и кога ќе се вратат од надвор.