Миење и дезинфекција на улиците во Општина Аеродром
Ова е уште една од низата превентивни мерки што Општина Аеродром ги презема за заштита од коронавирусот - стои во соопштението.
Општина Аеродром денеска изврши миење на улиците околу поликлиниката „Јане Сандански“, Мичурин и Стар Аеродром, а од утре почнува со дезинфекција на сите улици кои се под нејзина надлежност.
– Ова е уште една од низата превентивни мерки што Општина Аеродром ги презема за заштита од коронавирусот – стои во соопштението.
Инаку, Град Скопје редовно врши миење и дезинфекција на булеварите што се под негова надлежност.