Мицотакис само за еден премиер не напиша од каде доаѓа (ФОТО)

Во твитот не се користи ниту името на државата, дури ни согласно Преспанскиот договор, ниту придавката македонски за премиерот Заев.

4,901

Македонскиот премиер Зоран Заев е единствениот странски државник за чија држава не се користи името во твитовите од средбите на грчкиот шеф на владата Киријакос Мицотакис.

Во својот твит за средбата со Заев Мицотакис пишува дека – Со премиерот @Zoran_Zaev имавме можност да разговараме за можностите за проширување на соработката меѓу нашите земји, особено во областа на економијата и енергетиката, каде што се подготвуваат многу интересни проекти.

 






Во твитот не се користи ниту името на државата, дури ни согласно Преспанскиот договор, ниту придавката македонски за премиерот Заев.

 

За разлика од Заев, Мицотакис на денешната средба со првиот човек на Република Српска и претседавач со претседателството н БИХ Мирослав Додиг јасно кажува од која држава доаѓа.

 

Слично е и со српската премиерка Ана Брнабиќ каде Мицотакис немаше проблем да го користи името на нејзината земја Србија.

 

И во случајот со словенечкиот премиер Јанша грчкиот премиер немаше проблем со името на неговота држава.

 

Кабинетот на Мицотакис на други платформи го користи името Северна Македонија но на неговиот личен Твитер профил тоа не се случува.

Иако не се споменува името на неговата земја Заев покрај неговите неколку други твита немал проблем да го реобјави и твитот на Мицотакис на грчки јазик.

Поврзани содржини