БУГАРИЈА И ГРЦИЈА ПОНУДИЈА ПОМОШ ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Радев и Мицотакис изразија сочувство до семејствата на жртвите

Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Грција е подготвена да помогне во ова тешко време, напиша Мицотакис.

370

Бугарскиот претседател Румен Радев на социјалната мрежа Икс напиша дека Бугарија ја споделува болката на граѓаните на Република Северна Македонија за пожарот во Кочани, во кој загинаа и беа повредени многу луѓе и дека е спремна да помогне.

Шефот на бугарската држава разговарал со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и изразил сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски.






– Во контакт сум со премиерот Жељазков и Бугарија е подготвена да пружи медицинска помош – изјави Радев.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Икс изрази сочувство за загубените животи и подготвеноста на Грција да помогне по трагедијата во Кочани.

„Искрено сочувство до народот на Северна Македонија за загубените животи во трагичниот пожар во Кочани. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Грција е подготвена да помогне во ова тешко време“, напиша Мицотакис.

Претходно, подготвеноста на Грција да обезбеди секаква неопходна помош, вклучително и спасувачки тимови и медицинска помош, изрази министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во телефонскиот разговор со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

Трагедијата во Кочани претпладнево е главна вест во медиумите во Грција. 

Поврзани содржини