МИЦОТАКИС Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 Открил утрово при рутинско тестирање

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис соопшти дека при дневниот тест што го направил утрово во канцеларија, испаднал позитивен и дека ќе се изолира и ќе работи од дома.

240

Преку видео на официјалниот Инстаграм профил, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис соопшти дека е позитивен на ковид-19 по рутинското тестирање со рапид тест направен утрово во неговиот кабинет, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во последниот период сите се занимаваме со војната во Украина и со поскапувањата на цените, но коронавирусот е сè уште тука. При дневниот тест што го направив утрово во мојата канцеларија, позитивен сум, па ќе се изолирам дома и ќе работам од таму. Сакам да не заборавите дека тројната вакцинација дава најдобра можна заштита од сериозно заболување – рече Мицотакис во видеото на Инстаграм, додавајќи дека е сигурен дека сè ќе биде во ред и набргу ќе се врати во неговиот кабинет.

Поврзани содржини