МИЦОТАКИС ДА ЈА ТРГНЕ БУГАРСКАТА БЛОКАДА НА МАКЕДОНИЈА Катругалос бара Атина активно да се вклучи во спорот на Скопје и Софија

За време на посетата на Бугарија, господинот Мицотакис треба да го нагласи деблокирањето на пристапниот процес на Северна Македонија, во рамките на потребата за стабилизирање на Западен Балкан, напиша пратеникот од СИРИЗА.

499

За време на посетата на Бугарија, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да го нагласи деблокирањето на пристапниот процес на Македонија, побара, преку Твитер, поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега надлежен за надворешна политика во опозициската СИРИЗА Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина.

-За време на посетата на Бугарија, господинот Мицотакис треба да го нагласи деблокирањето на пристапниот процес на Северна Македонија, во рамките на потребата за стабилизирање на Западен Балкан –  напиша пратеникот од СИРИЗА.






Грчкиот премиер претпладнево во Софија ќе се сретне со неговиот бугарски колега Кирил Петков и со претседателот на Бугарија Румен Радев.

Поврзани содржини