МИЦОСКИ НА ДУЕЛ НА МТВ, АМА НЕ СО КОВАЧЕВСКИ, ТУКУ СО НОВИНАРИ Желбата му беше да ги вкрсти аргументите со премиерот
Наместо со премиерот Димитар Ковачевски, како што посакуваше, лидерот на опозицската ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе биде на дуел со новинари на националните телевизии.
– Го повикав на дебата Ковачевски, која тој не ја прифати. Тој дезертираше од можноста да се вкрстат аргументите и јавноста да види кој и за што се бори – изјави Мицкоски пред настапот вечерва во 20.15 часот, во отвореното студио на Македонската телевизија.