Мицковски: Најнафатираните се рекламираат додека фрлаат милостина

1,141

Која ужасна држава сме каде наместо економски и системски мерки за навистина најранливите категории, мораме да гледаме како категоријата политичари и функционери, оние најпривилигираните и најнафатираните, си прават реклама како два месеци ќе биле солидарни и на минималец, реагира на Фејсбук Ивор Мицковски.

„И најстрашното е што толку е ужасна социјалната и општествено-економската состојба на луѓето, што нема простор ни за социјален бунт. Социјалните кризи се случуваат најчесто кога едно општество се оправа, па луѓето малку од малку ја подигаат главата и сакаат парче од колачот. Овде народот нема како глава да дигне од егзистенцијални маки, камоли некаква торта да дели.Трошките ги чекаат, и во меѓувреме ќе кршат глава како да спасат жива кожа, да врзат месец со месец, да најдат некаква работа.Така се раѓа дрскоста, најпривилегираните во едно општество да се рекламираат додека фрлаат милостина“, пишува Мицковски.






Поврзани содржини