Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното издание на емисија „Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа се осврна на последните случувања со пасошите кои биле издавани на мафијаши, убијци и наркобосови.
Мицкоски потенцираше дека ова е афера од невидени размери и овој случај ја отсликува реалната состојба во Македонија во однос на криминалот и разрушениот безбедносен систем. Тој смета дека премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски требало да си поднесат оставка уште првиот ден откако се објави аферата, затоа што станува збор за страшен криминал.
Ако се погледнат документите, нагласи Мицоски, може да се увиди дека станува збор за многу вистинити патни исправи, луѓето кои ги добиле со украден идентитет, како Седат Пекер, кој е протеран во 18 јануари 2021, а веќе на 21 јануари се појавил во полициска станица Драчево, а веќе на 27 му се издаде лична карт.
– Страшно, и денеска го гледаме збунетиот Спасовски како седии. Николовски, пак, ја манипулираше јавноста дека се бори против криминалот и корупцијата со тоа што заплени путер со поминат рок. Замислете, ова било голем криминал. Зошто Николовски не кажа ништо за овие 200 пасоши издадени на криминалци, убијци и наркобосови? Власта секојдневно тоне и гази во жива кал. ВМРО-ДПМНЕ секојдневно открива скандали и матни случаи поврзани со власта, која таа иако сака да ги сокрие, сепак излегуваат на виделина – истакна Мицкоски, најавивајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со објавување на вакви случаи.