Мицкоски: Заеви за 100 дена заработија 213 милиони евра од аферите „Еуростандард“ и „Дака“
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека кога граѓаните очекуваа дека нешто можеби ќе се придвижи на подобро, дека барем нешто ќе се оствари од ветеното од страна на СДСМ и Зоран Заев, единствено нешто што со сигурност видоа е како функционира една мафија која царува во државата, без при тоа да одговара за било каков криминал
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи за тоа што направи владата во изминатите 100 дена на денешната прес конференција рече дека одвен криминал и корупција граѓаните не виделе ништо друго од оваа Влада.
Тој потсети на аферите со Еуростандард банка и мрежата од 29 фирми поврзани со семејството Заеви и од која , како што рече ,заработиле 13 милиони евра преку не исплаќање на ратите од земените кредити од Еуростандард банка, како и на 200 милиони евра во соработка со мистериозниот Дака.
– Наместо остварување на ветените проекти и подобрување на животот на граѓаните на Република Македонија, подобрување на здравството во оваа пандемија или стабилизирање на економијата, Зоран Заев се посвети единствено на криминал, корупција и матни зделки по кои самиот тој е доволно познат во јавноста – рече Мицкоски.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Заев не е единствениот од криминалната врхушка на власт, туку заедно со него се и неговите блиски соработници.
– Тие на најразлични начини ја опустошија земјата и ги оставија граѓаните да трпат за леб додека поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска „магично” дознала во каков правец се движи Еуростандард банка, па навреме ги извадила средствата кои ги имала. Со ова само се докажува на каков начин работи СДСМ изминатите години и колку само граѓани се жртви на криминалната власт. Кога граѓаните очекуваа дека нешто можеби ќе се придвижи на подобро, дека барем нешто ќе се оствари од ветеното од страна на СДСМ и Зоран Заев, единствено нешто што со сигурност видоа е како функционира една мафија која царува во државата, без при тоа да одговара за било каков криминал – рече Мицкоски.
Како пример, тој ја спомена и аферата со Дака тешка 200 милиони евра.
– Се потврдија разговорите кои што беа стекнати на нелегален начин дека се точни, и во првите 100 дена контроверзниот бизнисмен анти-НАТО и анти-ЕУ направи бизнис со земјиштето на ШИК „Јелак“ вреден над 200 милиони евра, за нови над 2000 станови. Ова е се што македонските граѓани треба да знаат за Зоран Заев и неговите соработници од криминалната влада. Затоа граѓаните треба што поскоро да застанат на патот на оваа лакрдија која се случува и Македонија да почне да чекори на вистинскиот пат – рече Мицкоски.