Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му порача на лидерот на СДСМ Зоран Заев да престане да дава надриздравствени совети за пандемијата бидејќи науката го демантира.
– Заев треба да престане со паушални и опасни надриздравствени совети. Кажува дека короната слабее а СЗО вели нема никакви докази за такво нешто. Заев говори за симптоми на грипот кои не се признаени од науката. Партијата ја втурна во кампања и направи нов кластер од својте функционери. Сега велат дека морало да се оди на избори оти не чека нов датум од ЕУ. Заев требна да направи мораториум на дневнополитикантските теми и да се впрегнат во надминување на оваа криза. Да го победиме ковид-19 а потоа СДСМ предводена од Зоран Заев ќе доживее дебакл на изборите- рече Мицкоски.