Мицкоски: Заев обвинува за лажен патриотизам, а вели дека ќе се менуваат учебниците по историја

Лажливецот Заев велеше дека потпишал договор за пријателство со кој се отворени вратите кон ЕУ, а сега гледаме дека тој негов договор ги затвора вратите на ЕУ - вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

541

Христијан Мицкоски уште еднаш го обвини премиерот Зоран Заев дека лаже кога обвинува за лажен патриотизам, а во ист ден соопштува дека ќе ги менува учебниците по историја.

– Лажливецот Заев денес обвинува за некаков лажен патриотизам и тоа во истиот ден кога соопштува дека ќе ги менува учебниците по историја во согласност со туѓи желби.






Лажливецот Заев велеше дека потпишал договор за пријателство со кој се отворени вратите кон ЕУ, а сега гледаме дека тој негов договор ги затвора вратите на ЕУ.

Лажливецот Заев нѐ убедуваше дека бугарскиот меморандум бил некаква политичка игра без значење, за да сега гледаме дека токму тој меморандум е официјална државна стратегија.

Лажливецот Заев тврдеше дека нема да има анекс на договорот со источниот сосед, а денес гледаме дека преговара токму за тоа.

Лажливецот Заев којшто веќе го начна македонскиот идентитет, денес лаже дека го брани идентитетот во време кога јавно во интервју ги оспори и идентитетот и јазикот.

Лажливецот Заев велеше дека сето ова е во главите на вмровците, ама пустото се потврди дека за сѐ сме биле во право.

Сосема на крај, лажен патриотизам е да ја ограбуваш државата, во исто време кога евтино го продаваш тоа што е најскапо за македонскиот народ.

Нема играње со најсветото, а народе ова е апел до секој еден човек дека мораме да бидеме гласни сега, за да не биде предоцна утре.

Оставка на Заев, слобода на народот! – напиша Мицкоски.

Поврзани содржини