МИЦКОСКИ ЗА ЗАЕВ И ЗА ПРЕСПАНСКИОТ Нема да манипулирам со придавката повторувајќи ја десет пати

3,820

Во вечерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој зборуваше за моментната политичка ситуација во земјата, резултатите од локалните избори, како и за очекувањата во наредниот период во однос на формирање ново парламентарно мнозинство.

Мицкоски потенцираше дека СДСМ доживеа дебакл на локалните избори и дека тоа е доволна причина Зоран Заев да ја поднесе оставката уште утре, иако самиот ја најави уште пред една недела.






Мицкоски додаде дека не е коректно од страна на Заев да се обидува да го користи Преспанскиот договор како своја лична заштита и да продолжува со криминалите, бидејќи и ЕУ, а и „граѓаните на Република Македонија се уверија дека Зоран Заев само ветуваше и лажеше, а не исполни ништо од условите за ЕУ“.

– Неколку години наназад се обраќа кон јавноста користејќи ја придавката, иако е свесен дека со тоа задира во чувствата на граѓаните, по цена да се додвори кај соседните земји. Јас тоа нема да го правам, бидејќи сум доволно свесен за манипулацијата во врска со придавката и нејзината примена – додаде Мицкоски.

Тој рече дека се дел од тоа Собрание, учествуваат на избори, па оттука не можат да игнорираат и да бидат  лицемерни велејќи дека  Преспанскиот договор не е реалност.

– И тие што учествуваа еве на овие избори потпишаа изјави со таа реалност. Што сега, ние ќе викаме не е тоа реалност? Ќе се правиме слепи и ќе му даваме аргумент на СДСМ и Зоран Заев да продолжат да ја пустошат Македонија? Не, ама ќе продолжиме да работиме еден ден кога ќе имаме можност, кога ќе седнеме заедно со нашите партнери на истата маса да ја исправиме и сите тие грешки кои се резултат на таа реалност да ги исправиме – рече Мицкоски.

Поврзани содржини