Мицкоски рече дека за влез во идната влада намигнуваат и пратеници од СДСМ

Со идната влада ќе раководи ВМРО-ДПМНЕ, со раст на просечната плата, на пензиите и ќе имаме вистински инвестициски бум. Во првите три дена ќе има влез на три мултинационални компании, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на дуелот на ТВ 24.

1,208

– Ќе правиме коалиција со сите оние кои ќе ја прифатат нашата програма, ќе коалицираме со секој оној чија програма ќе биде компатибилна со програмата на коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Можеби ќе има и од пратеничкиот состав на коалицијата која ја предводи СДСМ имајќи ги предвид разговорите во овој предизборен период, ништо чудно да се приклучат и да ја поддржат политиката на ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски.

Тој му порача на Заев дека математиката не му е добра страна и дека за влез во новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе намигнуваат и пратеници од СДСМ.

– Ама оваа математика е добра за општинските организаии на СДСМ. После 15 јули на ВМРО-ДПМНЕ нема да му требаат повеќе од 1 или 2 пратеници за да формира влада, а има повеќе кои овој изборен период сакаат да ги поддржат политиките на ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски, на што Заев му одговори дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не може да си ги зачува своите пратеници, а не пак да зема пратеници од СДСМ.

Поврзани содржини