МИЦКОСКИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ТЕТОВО Никогаш нема да прифатам дека кабел е виновен за смртта на 14 луѓе

372

Како човек никогаш нема да прифатам дека за смртта на 14 луѓе во Тетово може да биде виновен кабел или нечиј полнач за телефон, без да има одговорност за нефункционирањето на системот за кој министерот и заменик министерот се директно одговорни за животите на пациентите во болницата, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

„Заев треба да престане да се надева дека ќе веруваме во неговите глупости кои имаат јасна цел – да ја сокријат објективната вина, негова и на неговите министри. Кој дозволил таква инсталација во болницата и немање на противпожарни апарати? Кој дозволил опасни боци на кислород во необезбедена болница? Кој дозволил роднини на пациенти и други цивили во болницата? И кој друг ако не министерот, заменикот министер и самата Влада е одговорна за животот на пациентите. Кажете и јавно на јавноста дека Заев и Ахмети здружено, како и за други тендери, се договориле никој да не одговора“, реагира Мицкоски.






Тој нагласи дека ако човек му е тешко што, како што рече, главни теми во нашата земја се нечие отсуство на морал и чувство за одговорност, што се прашања за кои не треба да дебатираме и треба да бидат основни вредности за кои политичарите треба да ги бранат, а не да ги рушат.

„Јас верувам во мојот народ. Сигурен сум и дека народот знае како да постапи и заедно да ги заштитиме вредностите во кои веруваме и да бидеме силата на промените кои сакаме да ги видиме“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини