Мицкоски за Шекеринска: Срам немате, можевте да набавите вакцини!

Срам немате. Можеше и да набавите вакцини, ама не набавивте. Вие сте срам за државата. Оставки веднаш, напиша Мицкоски на Фејсбук.

870

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на прашањето што точно ќе се преземе да се реши проблемот и за вратениот капар за кинеските вакцини, додека се усогласуваат деталите, посочи дека тоа не е во нејзиниот сегмент на работа, но нагласи дека Владата е транспарентна и дека не ги крие информациите од јавноста и проблемите со коишто се соочуваме.

– Можеше ова да не го кажеме, за да добиваме помалку прашања, но тоа не е начин на кој функционира оваа Влада – рече Шекеринска.






На ова реагираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Срам немате. Можеше и да набавите вакцини, ама не набавивте. Вие сте срам за државата. Оставки веднаш“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Поврзани содржини