Мицкоски за обвиненијата против членови на ВМРО-ДПМНЕ: Миле им е дежурен виновник

961

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги коментираше обвинувањата против истакнати членови на партијата, односно за Димитар Димовски, Антонио Милошоски и Миле Јанакиески, кои како што најави ќе излезат деновиве, а кои во суштина, според Христијан Мицкоски се дефокус од реалните проблеми.

– Секогаш кога на Заев му е потребен дефокус од катастрафата со пандемијата, економијата, корупцијата, криминалот и хибридниот режим, ги вклучува механизмите кои ги поседува – полицијата, обвинителството, судството, а прв и дежурен виновник е Миле, а потоа Димитар зашто е дел од ВМРО-ДПМНЕ. Такво обвинение мислам дека деновиве ќе биде објавено во јавноста, но навистина не можам да ги разберам зошто сето ова го прават и зошто им се потребни сите овие политички гимнастики. Треба да бидат свесни дека ќе дојде денот кога ќе одговараат за злоупотреба на службена положба и овластување – рече Мицкоски.






Тој ги отфрли како лаги наводите во некои медиуми дека Антонио Милошоски фалсификувал документи додека бил во Германија.

– Истите тие што лажеа за „Монструм“, за Младенов, за семафорот на Триумфална капија, за покачување на платата на 500 евра просек и што ветуваа пет отсто раст, се оние што денеска повторно лажат за Милошоски – рече Мицкоски.

Поврзани содржини