Мицкоски за набавката на вакцините: Само механизми чекаме, а механизми нè удрија по глава

Февруари дојде, а ние абер немаме од набавка на вакцините. Ни тие вакцини што ни ги даваат како подарок, ние не можеме да ги прифатиме - рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

506

Слушав еден владин функционер како вели дека не сакале да ги набават вакцините затоа што не сакале граѓаните да добијат чувство дека се предмет на експеримент. Глупости. Кога не би било трагично, ова би било смешно, рече во „Само интервју“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, алудирајќи на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Јас секако дека ќе се вакцинирам против ковид-19. Нека ја донесат вакцината веќе еднаш. Само механизми чекаат, а механизми по глава нè удрија. Февруари дојде, а ние абер немаме од набавка на вакцините. Ни тие вакцини што ни ги даваат како подарок, ние не можеме да ги прифатиме – рече Мицкоски.

Поврзани содржини